МЕДИЦИНСКИ ДОКАЖАНИ СИМПТОМИ КАЈ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

medical

Губењето на косата може да се појави на многу различни начини, во зависност од проблемот кој го предизвикува. Тоа може да се појави ненадејно или постепено и да влијае само на вашиот скалп или целото тело. Некои видови на губење на косата се привремени, додека други се трајни.

Знаци и симптоми на губење на косата може да вклучуваат:

Постепено истенчување на косата на врвот на главата (темето). Ова е најчестиот вид на губење на косата, кој влијае како кај мажите така и кај жените. Кај мажите, косата често почнува да се повлекува од челната линија која наликува на буквата М. Жените обично ја задржуваат линијата на коса на челото, но доживуваат значително проретчување на косата на линијата по должина од темето до челото.

Кружни ќелави точки. Некои луѓе имаат мазни ќелава точки, често во пречник од 2,6 см. Овој вид на губење на косата обично влијае само на скалпот, но тоа понекогаш се јавува и кај брадата или веѓите. Во некои случаи, скалпот може да се стане надразнет (да предзвика чешање) пред косата да опаѓа.

Ненадејно губење на косата. Физички или емотивен шок може да предизвика ненадејно губење на косата. Цели прамени од коса може да опаѓаат при чешлање или миење на косата, па дури и при нежно влечење. Овој вид на губење на косата обично предизвикува ослабнување и проретчување на косата на целата глава но не и појава на чисто ќелави кругови или зони.

Некои состојби и медицински третмани, како што е хемотерапија за рак, може да резултира со губење на косата на целото тело. Косата обично повторно расте но со далеку послаб квалитет по завршување на третманот.