МЕЗОТЕРАПИЈА (MICRONEEDLING)

mezoterapija-pocetna

 

Мезотерапијата е безбедна, едноставна научно докажана метода за повторен раст на косата, а во некои случаи може и да ја елиминира потребата од трансплантација на коса.

Мезотерапијата е серија на речиси безболни микроинјектирања на витамини, минерали, и DHT блокатори во поткожното ткиво на скалпот (мезодерм) со цел ефикасно да помогнат во повторниот раст на косата кај машки тип на ќелавост, особено во почетните стадиуми и кај прераното губење на косата. Во овие состојби Мезотерапија претставува мошне ефикасен метод со кој се постигнува целосно враќање на изгубената коса и запирање на процесот на понатамошно губење на косата.

Microneedling е софистицирана техника која ја надмина употребата на класичната Мезотерапија, затоа што користи специјално дизајниран инструмент со микро иглички со дијаметар од 1-2 мм за скоро безболно, нехируршко, помалку непријатно но сигурно инјектирање на потребните активни компоненти под кожата на скалпот директно околу фоликулите на влакното, каде е најпотребно.

Третманот со Мезотерапија дополнително делува на зголемување на циркулацијата на крвта во скалпот и стимулирање на активноста на фоликулите на косата. MesoHair, преку микро-инјекции со дијаметар од 1 мм, обезбедува специјално патентираната формула со бакарни трипептиди, моментално една од најактивните компоненти, да продре под скалпот длабоко до фоликулите на косата. Активните трипептиди, одобрени од FDA (Американското биро за храна и лекови-најпрестижна здравствена регулаторна институција во светот) ја обновуваат функцијата на фоликулите за да повторно продуцираат здрави, цврсти и пигментирани влакна. Покрај активниот трипептид, формулата во себе содржи и екстракти од плацента и матични клетки, што го става овој третман меѓу најефикасните во борбата против губењето на косата.

mezoterapija-slikaПатентираната формула со трипептиди, аплицирана со помош на Мезотерапија, докажано го промовира растот на косата но исто така го забрзува растот. GPIGS пептидот делува преку активирање на PI-3K/Akt патот на дејство кој прима разни сигнали во клетката и има важна улога во растот на клетката. Преку тој пат на дејство пептидот ги активира и ја стимулира функцијата на кератиноцитите од булбусот, кои се одговорни за формирањето на влакното и раст на ново влакно.

Овој уникатен состав од активни состојки овозможува подобрување на метаболичкиот процес во скалпот и обезбедува супер храна за раст на косата, го зајакнува кератинското ткиво на влакното донесувајќи ги до коренот на влакното витамините и амино киселините есенцијални за растот на влакното. Со своите состојки Lactobacillus/Soybean Extract Ferment, Deca Peptide-II (sequence : GPIGS), Copper Tri-peptide и Vitamin B3, освен што го потхранува и негува фоликулот на влакното, го контролира опаѓањето на косата преку блокада на дејството на ДХТ (ДиХидроТестостерон) и ја поттикнува циркулацијата. Дополнет со ласерска биостимулација во 101 HAIR CLINIC, овој третман е најмоќниот третман за стимулација на растот на косата на денешницата, со неприкосновени ефекти.