НАЈСОВРЕМЕНИ ТЕРАПЕВТСКИ МЕТОДИ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

современи терапииМултифакторијалната природа на ќелавењето го прави проблемот се покомплекесен, но и науката успева да фати чекор со предизвиците кои ги става пред неа новиот век. Согласно на современите достигнувања во науката се менува и технологијата и трендовите кон успешни и сеопфатни третмани за раст на косата. Исто така, денес ефикасноста на одреден третман, заради заштита на пациентите, се проценува по строги критериуми во специјализирани установи. Во 101 ХЕАР КЕАР центарот за проблеми со коса, секој третман кој се применува во терапијата на губењето на косата е одобрен од Американското биро за контрола на лекови (FDA – Food and Drug Administration) и клинички докажан во неговата ефикасност. Сигурно не сте првите кои имаат потешкотии да направат правилен избор и да донесат одлука кој третман е најдобриот за вас. Затоа, 101 ХЕАР КЕАР направи обид да Ви стави на располагање третмани кои се пред се одобрени од страна на најреспектирани и најпрестижни регулаторни здравствени институции како Американското биро за контрола на лекови (FDA – Food and Drug Administration) и Агенција за контрола на медицински и здарвствени производи на Велика Британија (MHRA – Medicines and Healthcare products Regulatory Agency), третмани кои се научно и клинички потврдени и ефикасни, но и се во согласност со светските трендови во терапијата на коса.

Зависно од повеќе фактори, најмногу од степенот на прогрес на проретчувањето, типот на алопеција, состојбата на скалпот, општата здравствена состојба, но секако и од Вашиот животен стил и навики, постојат многу хируршки и нехируршки методи и опции кои можат да бидат адекватни за вас.

Мезотерапијата е безбедна, едноставна научно докажана метода за повторен раст на косата, а во некои случаи може и да ја елиминира потребата од трансплантација на коса. Мезотерапијата е серија на речиси безболни микроинјектирања на витамини, минерали, и DHT блокатори во поткожното ткиво на скалпот (мезодерм) со цел ефикасно да помогнат во повторниот раст на косата кај машки тип на ќелавост, особено во почетните стадиуми и кај прераното губење на косата.

PRP (Platelet Rich Plasma) е напредна нехируршка терапија за природна стимулација на растот на косата. PRP содржи специјални клетки наречени тромбоцити кои можат да предизвикаат раст на влакнените фоликули преку стимулација на матичните клетки лоцирани во дермалната папила. Овие специјални клетки промовираат зазадравување, го забрзуваат степенот и нивото на заздравување и регенерациа и формација на нов клеточен раст. Процедурата во овој третман се состои во земање на крв како за рутински тестирање на крвта. Потоа крвта се обработува во специјален систем со центрифуга за да PRP се одвои и сепарира од остатокот од крвта. Под локална анестезија, специјален систем за мезотерапија се користи за се инјектира високо концентрираната тромбоцитна плазма (PRP) во скалпот топично.

Третманот за коса со матични клетки од сопственото тело е дефинитивно новиот Миноксидил на 21-от век! Факт е дека човечкото тело има способност да реплицира било која клетка внатре во сопственото тело. Дополнително на тоа, матичните клетки сами се генерираат, или имаат способност да создадат идентични копии на самите себе, што значи дека можат во одреден момент да се поделат во поспецијализирани клетки. Во насока на регенерирање на растот на косата, специфични матични клетки во лабораторија се обработуваат во клетки на валкнениот фоликул. Ново регенерираните клетки потоа се трансплантираат во зони на ќелавост на скалпот заменувајќи ги оштетените келтки, и последователно генерирајќи нов раст. Третманот за раст на коса типично користи автологни матични клетки, или масни клетки земени од вашето сопствено тело.

Ласерската терапија за раст на косата–ЛЛЛТ (Low Level Laser Therapy) е најнапреден, најефикасен нехируршки третман против опаѓање на косата, наменет за мажи и за жени. ЛЛЛТ делува на целиот фоликул на влакното! При користење на *ладните ласери* со точно одредена јачина препорачана од FDA (Американско биро за контрола на храна и лекови), ласерската светлина продира до ниво на главните крвни садови на коренот на влакното, а тоа е не повеќе од 6 мм. Целта на ЛЛЛТ е да се нормализира циклусот на раст на влакното! Ласерската терапија го поттикнува клеточниот метаболизам, апсорпцијата на нутритиенти и ослободувањето на токсини преку дејство на митохондриите на клетките. Митохондриите се *енергетските фабрики* на клетката, а ласерската светлина директно им предава енергија. Одржување на адекватен режим на третмани го максимизира ефектот од ЛЛЛТ.

Трансплантацијата на коса преку “FUE метода” е постапка во која буквално илјадници фоликули се дистрибуираат во зоната на целосно изгубената или проретчена коса. Еднаш земени од “донорската” област (страничните и задниот дел од главата), фоликулите на косата микроскопски се вивисецираат во “графтови”. Секој микрографт содржи одделна “фоликуларна единица”, која содржи од 1-3 фоликули на влакно. Фоликуларните единици во вид на графтови потоа внимателно се имплантираат во зоната која што нема коса или косата е проретчена. Прецизни уметнички и технички вештини се потребни од страна на искусен пластичен хирург за да се создаде соодветна естетска линија на косата, како и да се обезбеди соодветен агол, ориентација и позиција на секој трансплантиран графт коса.

Радио фреквенција (RF) е стапка на осцилација во опсег од околу 3 kHz до 300 GHz, што одговара на фреквенцијата на радио бранови, и наизменични струи кои носат радио сигнали. Во медицината се применува веќе 75 години. RF (0.3Mhz ~ 0.8Mhz) продира во хипo дермисот и се трансформира во био-топлинска енергија. Тоа ја зголемува ткивната температура и влијае врз дилатација на крвните садови, ја стимулира липолизата и фибробластите. Експозицијата на РФ зрачење може да го стимулира растот на косата in vitro. Радио фрекфенцата има влијание и на циклусот на клетката односно предизвикува пролиферација и ја супресира апоптозата (клеточната смрт) на кератиноцитите во матриксот на влакното.

Кислородната инфузија директно во ткивата емитира 95-98% чист кислород под притисок двојно поголем од атмосферскиот. Клиничките студии покажале дека оваа неагресивна техника обезбедува трансдермален премин на гасот преку жлездените анекси на кожата (пилосебацеалниот апарат-пората на влакното и потните жлезди) и интерцелуларно и/или трансцелуларно. Во тек на фазата на емисија инфузираниот кислород има латентен период во тек на кој постигнува баланс со кожата. Штом ќе се постигне точката на балансот, констатен проток почнува. Кислородната инфузија делува на васкуларниот гломус (сплет од крвни капилари) лоциран во ретикуларниот дермис, каде всушност се наоѓа и коренот на влакното

• Како вид на ултразвук, Сонофорезата е технологија која ја помага апсорпцијата на активни супстанци во кожата. Всушност сонофорезата може да ја зголеми пермеабилноста на кожата до 800%. Употребата на сонофорезата во третманите на кожа и скалп е да се обезбеди зголемена пермеабилност на кожата. Оваа *пермеабилизација* на кожата и скалпот обезбедува многу повисока апсорпција на активните супстанци кои терапевтот се обидува да ги инфузира.

• Денес, FDA (Американско биро за контрола на храна и лекови) ја одобрува употребата на високата фреквенца кај различни состојби на кожата и скалпот. Милиони ситни електрични честици се аплицираат на скалпот кои поради високиот степен на осцилација не предизвикува мускулни контракции туку работи на принцип на тонизирање на кожата, што го постигнува преку стимулација на површинската циркулацијата во дополнение на термичкиот ефект на загревање на ткивото. Тенките нерви и крвни капилари нежно ги масира, и крвта почнува подобро да циркулира и повеќе нутритиенти и кислород се донесуваат до корените на влакното. Дисперзираните честици носат чист озон кој има гермициден ефект и ги уништува микроорганизмите кои можат да бидат присутни, бактерии, габички дури и паразити. Ги чисти порите на влакното преку ексфолијативниот ефект, ја контролира себацеалната секреција и ја подобрува
апсорпцијата на стимулативните производи за раст на косата

И запомнете, во колку порана фаза започнете да го третирате проблемот со опаѓање на косата толку е поголема стапката на ефикасност за нејзино враќање во сосема природна густина.