НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА СОВРШЕНА ГУСТИНА НА КОСАТА

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА СОВРШЕНА ГУСТИНА НА КОСАТА

Андрогенетската алопеција е резултат на постепено намалување на функцијата на коренот на влакното под дејство на дихидротестoстеронот на генетски осетливите фоликули. Настанува процес на минјатуризација на коренот, додека не настане и комплетна атрофија на истиот. Во таква состојба не е возможно да се стимулира работата на коренот и да се постигне раст на нова коса.

Трансплантацијата е единствено решение во тој стадиум на проретчување затоа што буквално ги надополнува влакната кои недостасуваат.
Иако пациентот повеќе од 15 години ја губи косата,неговата донорска регија е доволна за да обезбеди адекватен број на графтови за трансплантација. Правилниот распоред на графтовите му даде одлична густина и природен изглед на фронталниот дел за само 6 месеци. За да побрзо го поттикнеме растот на трансплантираните влакна, нашите доктори трихолози предложија серија третмани со ласерска биостимулација. Тоа обезбеди не само побрз раст на пресадените влакна туку и зајакнување на постоечката коса.

Косата расте до 12 месеци после трансплантацијата, па очекуваме уште раст на коса до постигнување совршена густина.