Опаѓање на косата, мастење, првут и оштетена коса се проблемите со кои се соочуваат Македонците, се заклучоците по стоте бесплатни прегледи организирани од страна на здружението „Превентус“ и клиниката за проблеми со коса и скалп „101 Hair Clinic“ изминатиот викенд во трговскиот центар „Сити мол“.

– Мило ни е што стотина граѓани издвоија време и нè посетија да направат преглед на косата. За жал, сè помлади мажи се соочуваат со опаѓање на косата, како и појава на првут, додека жените се тие што од претераните хемиски третмани на косата имаат големи оштетувања . Причинител број еден за oпаѓањето, по генетиката, е стресот и несоодветната исхрана. Апелот од наша страна е граѓаните навремено да побараат стручна помош доколку имаат проблем со здравјето на косата – изјави д-р Елена Арсова, трихолог.