ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА ПОРАДИ СТЕРОИДИ

Стероидите предизвикуваат опаѓање на косатаsteroidi преку покачување на нивоата на тестостерон. Стероидите предизвикуваат интензивно губење на косата и агресивно проретчување!
Анаболни стероиди се препознатливиот назив за синтетичките варијанти на машкиот хормон тестостерон. Правилниот назив за овие соединенија е анаболни андрогени стероиди (ААС) , *анаболни* се однесува на создавање на мускулна маса а *андрогени*се однесува на зголемени машки карактеристики. Анаболните стероиди може да се користат во третман на состојби предизвикани од недостаток на стероидни хормони, како доцнење на пубертет, како и состојби на губење на мускулна маса, како рак или сида. Но, некои атлети, бодибилдери и други спортисти ги користат овие супстанци со цел да ги засилат перформансите или да го подобрат физичкиот изглед.

Дозите кои се користат при злоупoтреба на стероидите се 10 до 100 пати поголеми отклоку дозите препорачани за медицнски третман. Поради тоа што анаболните стероиди имаат ефект како и тестостеронот,тоа значи дека и нивното влијание на развојот на машката алопеција има ист механизам како и тестостеронот. Најголем дел од стеродите ќе ги зголемат нивоата на тестостерон во организмот,со оглед на тоа дека речиси сите анаболни стероди се деривати на тестостеронот. Вишокот на тестостерон ќе се трансформира во вишок на Дихидротестостерон (ДХТ) кој директно делува на опаѓањето на косата.ДХТ се врзува за клетките од коренот на влакното,продира во клетката и дава сигнали да се произведуваат протеини кои ја оштетуваат клетката и функцијата на коренот на влакното последователно. Како резултат на дејството на ДХТ почнува процес на минијатуризација на влакното т.е влакното станува се послабо и потенко. Нормално нивоата на тестостерон и ДХТ се највисоки во 20-тите и 30-тите години. Под дејство на анаболните стероиди нивоата на тестостерон и ДХТ директно се зголемуваат и кај генетски предиспонираните лица предизвикуваат интензивно опаѓање на косата и обично прерано губење на косата.