ОПАЃАЊЕ НА КОСА ПОСЛЕ БРЕМЕНОСТ И КАЈ ДОИЛКИ

bremenostБременоста има прекрасен ефект на косата кај жените. Во 4-от месец од бременоста косата вообичаено изгледа најдобро. Посјајна е, поцврста, лесна за обликување, помалку масна, без перут и други проблеми на скалпот. Ова подобрување на квалитетот на косата е резултат на покаченото ниво на женските хормони во текот на бременоста, особено естроген.

Но, после породувањето, кај отприлика 40% од жените се јавува интензивно опаѓање на косата како резултат на нормализирање на нивото на хормоните. Косата која се губи пост-партум е всушност косата која нормално би паднала во текот на бременоста, но се задржала поради хормоналниот статус, кој ја продолжува фазата на раст на влакното. Таа коса опаѓа од 2-риот до 6-от месец после породувањето. Опаѓањето на косата после породување е стресно и вознемирувачко искуство. Иако нови влакна не се формираат, фоликулите на влакната остануваат витални, укажувајќи на можноста за повторен раст на косата. Ако состојбата со опаѓање на косата после породување не се третира, ќе остави последици со трајно проретчување на косата. Опаѓање на косата е забележано и кај доилките.

Иако губењето на коса после породување може да е реверзибилно и спонтано да се поправи, кај значаен процент од жените нема самокорекција на опаднатата коса. Задолжителна е терапија за брзо враќање на изгубената коса која мора да почне да се применува уште во првите месеци после породувањето. Заради тоа што виталноста на фоликулите на влакното сеуште не е компромитирана, со третманите се одржува и подобрува нивната функција. Особено значајно е што се нормализира циклусот на раст на влакното кој е претходно нарушен од влијанието на хормоналните дисбаланси после породување.