Побелена коса

Зошто нашата коса посивува или побелува?
Dr. Desmond Tobin, професор по молекуларна билогија од University of Bradford во Англија сугерира дека фоликулот има *меланогенски биолошки часовник* кој ја намалува или стопира активноста на меланоцитите, последователно намалувајќи го пигментот кој го добива нашата коса. Ова се случува точно пред да падне влакното, па затоа корените секогаш изгледаат бледи. Уште повеќе, Dr. Tobin укажува дека косата побелува поради години и генетика, на начин што гените го регулираат исцрпувањето на пигментниот потенцијал на секој индивидуален фоликул на влакното. Ова се случува во различен степен кај различни фоликули. Кај некои лица се случува брзо, а кај некои постепено во тек на неколку декади.

Има и други фактори кои ја менуваат пигментацијата на косата, правејќи ја посветла или потемна. Научниците ги поделија на внатрешни и надворешни фактори. Внатрешни фактори: генетски дефекти, хормони, распоред на тело, возраст. Надворешни фактори: клима, загадувачи, токсини, изложеност на хемикалии.

               Gray-Hair-620x359

Со Strategy 4 steps постепено и дискретно можете да ја вратите пигментацијата на косата од бела или сива преку светло кафеава до темно кафеава и црна.
Како што со губењето на пигментот косата побелува така Strategy 4 steps градуелно го враќа пигментот на влакното, на сосем природен начин.Кога ќе се аплицира Strategy 4 steps гелот, тој се апсорбира во влакното, се интегрира со протеините на влакното и го обновува пигментот. Количината на новодобиениот пигмент после едно нанесување е доволна само да му даде многу светло кафеава боја на влакното, но не и да даде драстична промена на бојата. Затоа репигментацијата со Strategy 4 steps е многу дискретна, без шокантна промена на бојата. Дури и една апликација е доволна за природна пигментација на косата, особено кај целосно бела коса. Со секоја наредна апликација на гелот количината на пигментот во влакното е поголема и бојата на косата е се поинтензивна, се до добивање на темно кафеава боја или црна боја. Она што го прави овој третман уникатен е тоа што вие сами одредувате колку пигмент сакате да имате.
Ако сакате целосно да ја вратите својата природна боја на косата, тогаш гелот го аплицирате 4 или повеќе пати зависно од вашата природна боја. А, доколку сакате само дискретно камуфлирање на сивите влакна тогаш и 2 апликации се доволни.

Друга значајна карактеристика на овој препарат е што не ја менува бојата на косата која не е побелена.

Значи делува само на сивата или бела коса, а не на веќе пигментираната коса. Вашата природна боја на коса ќе биде задржана. Особено значајно за Strategy 4 steps по што се разликува од разните хемиски производи за боење на косата е што не содржи хидроген, амонијак, ниту канцерогени материи. Косата после третманот е здрава, мека, сјајна и пигментирана.
Пигментот не се испира, но за одржување на ефектот потребно е нанесување еднаш месечно.