ПОМАЛКУ ЦИГАРИ, ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ ЗА ДА ЈА ЗАЧУВАТЕ КОСАТА

cigariНовите истражувања откриваат дека, освен генетиката , и други фактори како прекумерното пиење и/или пушење го зголемуваат ризикот од опаѓање и истенчување на косата кај мажите и жените. Двата пола се афектирани различно .
,,Она што можеме да го кажеме е дека идентификувавме фактори кои можат и да го зголемат и да го намалат ризикот, и кај мажите и кај жените, независно од генетската предиспозиција ” вели д-р. Bahman Guyuron шеф на одделот за пластична хирургија во Case Western Reserve School of Medicine, Охајо, Америка.

Тој ги презентирал сознанијата од 2 студии на годишниот состанок на пластични хирурзи. Во првата студија, фокусот е кон примерок од 84 идентични близначки, секоја од нив има пополнето прашалник за животните навики, а биле следени и нивоата на хормони во крвта и детални фото анализи на нивната коса. Студиите кои се прават на идентични близнаци се значајни затоа што секој близнак носи идентични гени како и другиот, исклучувајќи ги на тој начин генетските разлики како потенцијален причина за болест или различна одлика.
Тимот од лекари забележал дека жените колку повеќе години пушат, имаат поголемо проретчувањето на косата на темпоралните делови од главата. Историја на одредени состојби на кожата може да придонесат за опаѓање на косата во тие зони, додека пак пиењето на неколку чаши алкохол неделно го намалува ризикот

Губењето на косата на круната на главата, во горниот дел, кај жените е поврзано со дијабетот, одредено кожно заболување или пушењето, додека пак обезноста (гојазноста) е поврзана со помал ризик за опаѓање на косата.
Според сознанијата од студијата, жените кои пијат кафе, користат заштита од сонце (на пр. капа) и се среќно мажени се соочуваат и со помал севкупен ризик.

Резултатите од другата студија направена кај 66 мажи, идентични близнаци се : покрај пушењето и изложувањето на сонце, проблемот со перут може да го зголеми ризикот за опаѓање на косата во средишната линија , додека кумулативното дејство на преголемо изложување на сонце и историја на канцер го зголемуваат ризикот за опаѓање и во темпоралниот и во горниот дел( круната) на скалпот.
Мажите кои не вежбаат редовно и имаат висок крвен притисок исто имаат зголемен ризик за опаѓање во круната.