ПОРТОКАЛИ – РАЗБУДЕТЕ ЈА ВАШАТА КОСА ВО ОВА НЕДЕЛНО УТРО

portokaliВкусни и сочни, портокалите се секогаш меѓу омилените овошја. Симболизираат здравје и среќа.
Всушност, сокот од свеж портокал е идеален за да ве разбуди ова неделно утро. А ќе ги разбуди и фоликулите на вашата косата.

Портокалите се одличен извор на витамин Ц. Еден портокал може да задоволи до 72% од дневните потреби за витамин Ц. А витаминот Ц има суштинско значење како антиоксиданс и го штити вашето тело од слободните радикали кои се штетни за целото тело па и за фоликулот на влакното.

Витаминот Ц заедно со биофлавоноидите во портокалот помага во циркулацијата на скалпот што делува пак на стимулација на растот на косата.

Исто така содржат и фолна киселина, која е неопходна за раст на косата.
Инозитол е друг тип на витамин Б кој го спречува губењето на косата и го поттикнува растот на косата.
Затоа редовното конзумирање на портокали е одличен начин да ги внесете овие есенцијални нутритиенти за косата.