ПОТПОЛНО ОБНОВУВАЊЕ НА КОСАТА СО ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈА

ПОТПОЛНО ОБНОВУВАЊЕ НА КОСАТА СО ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈА

Постпородилното опаѓање е еден од најчестите облици на телоген ефлувиум кај жени. После породување поради наглата промена во хормоналниот статус доаѓа до екстремно опаѓање на косата.
Нашата пациентка имаше опаѓање од 200 влакна на ден вториот месец после породувањето. Поради генетската предиспозиција кај неа постои можост за трајни промени во густината на косата.

Доктори трихолози од 101 Hair Clinic, ги препознаа типичните дермоскопски знаци на телоген ефлувиум преку трихолошката анализа. Алармантно беше што не постоеја знаци за регенерација на косата.
Планот на терапија беше интензивен и сеопфатен ,па паралелно е вклучена локална 101 терапија и ласеркса биостимулација.
За два месеци е целосно сопрено опаѓањето.
Косата почна видливо да расте веќе во шестиот месец, а во деветиот е комплетно обновена.
Уште неколку додатни третмани за враќање на квалитетот на косата ќе дадат идеални резултати.