ПОТТИКНЕТЕ ГО РАСТОТ НА КОСАТА СО ЗЕЛЕН ЧАЈ

ПОТТИКНЕТЕ ГО РАСТОТ НА КОСАТА СО ЗЕЛЕН ЧАЈ

Зелениот чај е надалеку познат по неговите бенефити врз здравјето на луѓето.  Но, Одделот за дерматологија при Националниот универзитет по медицина во Сеул објави дека зелениот чај исто така може да помогне во растот на коса.

Според студиите, епигалокатехин-3-галат (EGCG) , најзначајниот катехин кој се наоѓа во зелениот чај промовира раст на фоликулите. И ги стимулира клетките на дермалната папила да ја зголеми продукцијата на влакна. Исто така, зелениот чај го забрзува метаболизмот. Побрз метаболизам може да го зголеми растот на косата.

Зелениот чај содржи висока концентрација на моќни оксиданти познати како полифеноли. Тие ја заштитуваат клетката од оштетувањата кои ги прават слободните радикали.  Исе познати по тоа што го забавуваат процесот на стареење на клетката. Поради овие особености антиоксидантите го одржуваат здравјето на вашата коса и нејзиниот оптимален раст. Зелениот чај е добар извор на пантенол, кој заедно со другите антиоксиданти од зелениот чај може да помогнат вашата коса да биде зајакната и здрава.