ПРАВИЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПЕРФЕКТНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РАСТОТ НА КОСАТА

ПРАВИЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПЕРФЕКТНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РАСТОТ НА КОСАТА


Планот на терапија е од круцијално значење за да се добијат перфектни резултати и задоволни пациенти. Кај понапреднати стадиуми на проретчување на косата, комбинација од неколку третмани може да гo искористи максималниот потенцијал на фоликулите и да даде перфектни резултати.

Микронидлинг мезотерапијата во комбинација со ласерска биостимулација сигнификантно го подобри квалитетот и густината на постоечката коса на теме и круна на глава.
Но фронталната линија поради атрофичните промени после 10 години губење на косата едноставно не може да реагира на терапија оптимално.

Затоа нашите доктори трихолози испланираа трансплантација за да се коригира фронталната линија и уште малку да се дополни комплетната густина на косата.. Изваден е максимален број на графтови кои се распоредија правилно за да форнталната линија добие не само густина туку и природен изглед.

По само 6 месеци косата има перфектен изглед, иако комплентната густина ќе ја добиеме за уште 6 месеци после трансплантацијата.