ПРАШАЊА ОД ПАЦИЕНТИ

ВРАТЕТЕ ГО СЈАЈОТ НА СУВАТА КОСАsjaj na kosa

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :
Косата ми е сува и искршена, ја фарбам секој месец, само после фризер ми изгледа како нова, дома кога ќе ја измијам повторно се враќа во оштетена состојба. Сакам да си го вратам стариот изглед на косата со сјај.

ОДГОВОР :
Производите за коса базирани на силикон, кои најчесто ги користат фризерите, навистина даваат извонреден сјај на косата. Но за жал тоа е само *шминка * за косата и е привремено. Како што забележувате и вие, трае до следното миење на косата. Силиконот од производите за коса создава обвивка на влакното која го штити и дава сјај, но не го негува и храни влакното. Косата која хемиски и термички се третира, значи фарбање, фенирање, бланширање итн. бара посебна нега, затоа што хидрогенот од фарбите и топлинските апарати го дехидрираат влакнотот. Косата станува сува, крта и кршлива. Решението е влакното длабински да се хидрира со производи и техники кои можат тоа да го обезбедат. Само природни производи со хербални екстракти и билни масла можат да го постигнат тоа. Уште повеќе спа третман на косата е идеален затоа што ултразвучен стим од нано водени молекули ќе продрат подлабоко во кутикулата на влакното враќајќи му ја хидратацијата, еластичноста и сјајот. Само здравата и правилно негувана коса е квалитетна и атрактивна.