ПРАШАЊА ОД ПАЦИЕНТИ

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТКА :
После породувањето премногу ми опаѓа косата. Загрижена сум што ми паѓаат буквално прамени коса. Што треба да превземам,што е ваш совет ?

ОДГОВОР :
Опаѓањето на косата после породување се јавува многу често. Оваа форма на опаѓање се категоризира во телоген ефлувиум и се смета за нормална појава после породување.

prasanje Имено во текот на бременоста, нивото на естрогени хормони е покачено што влијае позитивно на растот на косата. Косата има подолга фаза на раст и речиси не опаѓа. Но после породувањето хормоналниот статус се менува што е исто така нормално, но косата која не опаѓала во текот на бременоста сега одеднаш опаѓа во период од 2-3 месеци. Тоа е шокантно за секоја жена, затоа што опаѓаат и до 200 влакна дневно. Но во најголем број случаи, опаѓањето спонтано се стабилизира и косата нормално се регенерира за 5-6 месеци. Сепак постои одреден процент жени, кај кои косата не се обновува. Тоа се најчесто жени кои имаат наследна предиспозиција да ја губат косата. Кај нив ова опаѓање може да биде иницијална фаза во развојот на женската наследна ќелавост.

Препорачувам следење на вашата состојба. Доколку опаѓањето се стабилизира, нема потреба од дополнителни мерки. Може сепак да се направи трихолошка анализа на косата за да се види дали косата се обновува нормално.

Но ако косата продолжува континуирано да опаѓа и после 3 месеци тогаш е неопходен третман за косата. Кај овие форми на опаѓање помага мезотерапијата комбинирана со ласерска биостимулација. Но може и едноставен третман со тоници, зависно од времето кое како млада мајка може да го одвоите за себе.