ПРЕПОЗНАЈТЕ ЈА СВОЈАТА ФОРМА НА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

formaГубењето на косата може да се манифестира на многу различни начини, во зависност од етиологијата , причината која го предизвикува. Опаѓањето на косата може да се појави ненадејно или постепено , привремено или трајно.

Најчестиот симптом дека имате губење на косата е постепено истенчување на косата . Овој симптом укажува на наследна форма на ќелавост и се манифестира како кај мажите така и кај жените. Кај мажите, косата често почнува да се истенлува и повлекува од челната линија,во залистоците и на темето. Жените обично ја задржуваат линијата на коса на челото, но доживуваат значително ослабнување на косата на круната на главата.

Може да се појават кружни зони без коса. Овој вид на губење на косата обично се јавува на скалпот, а понекогаш и на брадата или веѓите. Во некои случаи, скалпот може да се стане надразнет (да предзвика чешање) пред косата да опаѓа. Тогаш станува збор за косопад.

Ненадејно губење на косата. Физички или емотивен шок може да предизвика ненадејно губење на косата. Цели прамени од коса може да опаѓаат при чешлање или миење на косата, па дури и при нежно влечење. Овој вид на губење на косата е ефлувиум.
Ова се најчестите форми на губење на косата, што не значи дека секогаш е јавуваат толку јасно. Исто така можат да преминат од една во друга форма. Иако понекогаш можете да препознаете која форма на опаѓање на косата се јавува кај вас, сепак најдобро е да се обратите кај стручни лица кои ќе ви постават точна дијагноза. Само со точна дијагноза може да има успешно лечење.