ПРЕРАНО ГУБЕЊЕ НА КОСАТА

preraniСилното опаѓање на косата кое почнува од адолесценција и доведува до интензивно губење на косата за краток временски период значи прерано губење на косата. Се среќава кај лица на возраст од 20 и околу 20 години. Симптомите на губење на косата се јавуваат неочекувано и драматично. Кај сериозни случаи, опаѓањето на косата може да е толку интензивно што доведува до типична машка ќелавост уште на 30 годишна возраст.

Причини за прерано губење на косата

Причините за прерано губење на коса се сеуште недоволно проучени. Меѓутоа, пациентот обично има фамилијарна, наследна историја на губење на коса, независно по линија на мајка или татко што значи дека постои генетска предиспозиција за губење на косата. Дополнително, нивоата на андрогените хормони, особено ДХТ се покачени.

Дихидротестостеронот делува на генетски *поосетливите* фоликули на влакното, што детерминира постепена конверзија на терминалните, цврсти влакна во послаби и на крај во велусни влакна (тенки и непигментирани). Студиите покажуваат дека големината на дермалната папила преку која се храни влакното ја диктира големината на влакното кое се формира, а кај андрогена алопеција некои од клетките на дермалната папила изумираат поради дејството на ДХТ, како резултат на што папилата се намалува и влакното е се потенко.
Посебно е значајно што и нивото на ензимот 5-алфа редуктаза, кој го трансформира тестостеронот во ДиХидроТестостерон, кај лицата со прерано губење на косата е повисоко во споредба со лицата кои немаат опаѓање на коса. Исто така, интересен е и фактот дека нивото на 5-алфа редуктазата во окципиталната зона (позади ушите) е пониско отколу во фронталната зона, кај залистоците, каде и типично се јавува опаѓањето на косата. Овие наоди укажуваат на значењето на 5-алфа редуктазата како причинител на машкиот тип на опаѓање на коса

Фоликулите на влакното кај лицата кои рано ја губат косата постепено ја губат својата функција и ја намалуваат својата активност формирајќи се потенки и послаби влакна. Анагената фаза (фазата на формирање) на влакното е се пократка, а се зголемува бројот на влакна во телогена фаза (фаза на опаѓање). Освен тоа, се забележува истенчување на кожата на скалпот, а влакната лесно се кубат поради слабост на корените. Кај тешките случаи во крајните стадиуми фоликулите повеќе не создаваат влакно.
Губењето на косата обично почнува на фронталната линија на косата, која постепено се подигнува. Истовремено косата на круната на главата станува се послаба, неповратно се губи и доведува до ќелавост. Најчесто кожата на главата покажува знаци на мастење кое само го влошува веќе започнатото опаѓање на коса.
Прераното губење на коса не покажува знаци да се стабилизира со текот на годините, туку напротив се влошува. Неопходно е лицата со знаци на рано губење на коса да почнат навремено со третман за да превенираат трајно губење на косата.