ПРИДОБИВКИ ОД МАСАЖАТА НА СКАЛПОТ ЗА РАСТОТ НА КОСАТА

масазаМасажата е акт на гмечење, триење и притискање врз кожата со помош на вашите прсти и дланки кои може да донесат многу придобивки за вашето тело. Најголемата придобивка од масажата е зголемувањето на циркулацијата на површината на кожата. Оваа придобивка како и многу други се причина зошто луѓето со предвремено опаѓање на косата си помагаат и со масажа. Масажата под притисок ја загрева кожата и ги дилатира крвните садови со што се зголемува протокот на крв и ја зголемува крвната циркулација. Зголемената циркулација значи дека клетките на влакнениот фоликул ќе добијат повеќе нутритиенти и кислород потребни за оптимален раст на косата. Движењето со триење исто така релаксира, го намалува стресот и се зајакнува коренот на влакното. Доколку употребите производи (масла, лосиони, тоници) за време на масажата на скалпот, тие ќе го негуваат скалпот и влакното и се намалува појавувањето на перут и сува кожа кои можат да го нарушат нормалниот раст на косата. Маслата исто така ја негуваат кутикулата на влакното и коренот со што се намалуваат шансите да косата ви стане крута, кршлива и со раздвоени врвови.