ПРИЧИНИ ЗА ГУБЕЊЕ НА КОСАТА

telogen 1Постојат многу различни причини за губење на косата, вклучувајќи ги следниве:

Стрес – ова е многу честа причина за привремено губење на косата. Овој вид на губење на косата обично се јавува после многу стресни настани, како развод загуба на работно место, смртен случај и сл. и обично ваквиот тип на опаѓање престанува откако ке биде надминат стресниот настан.

Наследност – генетската предизпозиција на губење на косата се пренесува генерациски. Преваленцата на овој тип на губење на косата е почеста кај мажите (40% од мажите страдаат од генетско губење на косата до својата 30-та година, 60% од мажите ја губат својата коса до 40-та година а скоро 90% до 80-тата година). Генетската предиспозиција исто така може да биде причина и за губење на косата кај жените.

Неправилна исхрана – поради современиот терк на живеење проследен со внес на брза храна, масна храна, индустриски конзервирана храна и неквалитетна храна нашиот организам не добива доволно хранливи материи, вклучувајќи различни витамини и минерали, како и вода. Поради недостаток на витамини, минерали и други хранливи материи доаѓа до губење на косата.

Лекови – постојат некои лекови кои можат да придонесат за губење на косата, па затоа е важно секогаш да ги знаете несаканите споредни ефекти пред да земете било каков лек. Лекови како што се апчињата за висок крвен притисок, апчиња за контрацепција, и хемотерапија се познати дека предизвикуваат губење на косата.

Болести – некои болести, како што се висока температура, нарушена функција на тироидната жлезда, болестите на скалпот, како што се псоријаза, се познати предизвикувачи на губење на косата.pricini

Несоодветна нега на коса – постојат многу видови на производи за коса или третмани кои може да ја оштетат косата и фоликулите (корените на косата). Овие третмани обично предизвикуваат привремено губење на косата, но истите можат да предизвикаат и трајно губење на косата доколку се користат констатно.

101 HAIR CLINIC  Ви нуди најсовремена софистицирана трихолошка анализа на косата и скалпот за да се утврди причината поради која доаѓа до опаѓање на Вашата коса. Врз основа на добиените резултати од таквата анализа нашиот стручен тим ќе ви предложи соодветен третман и сет на клинички докажани производи кои ќе помогнат во надминување на причината која довела до опаѓање на косата и ке овозможат повторен раст на здрава и квалитетна коса.