ПСЕУДОПЕЛАДА БРОК

Во 1888 Brocq го употребил терминот Псеудопелада Brocq за да опише уникатнна форма на цикатрициелна алопециа која личи на алопециа ареата. Последниот век, оваа состојба е контроверзна. Додека некои веруваат дека псеудопеладата е посебен ентитет, најголем дел веруваат дека таа е крајна фаза или клиничка варијација на разни форми на цикатрициелна алопециа. Истиот терк на алопециа може да се јави во последната фаза на дискоиден лупус еритематодус (ДЛЕ), лихен планопиларис (ЛЛП) и други форми на цикатрициелна алопеција. Затоа, причината за псеудопеладата е поврзана со етиологијата на соодветното кожно заболување. Ако се постави дефинитивна дијагноза за ДЛЕ, ЛПП или друга состојба базирано на клинички, хистолошки и имунофлуоресцентни испитувања тогаш терминот псеудопелада Brocq не може да се употреби.

about
about

Се јавува кај средовечни лица. Клинички лезиите се дискретни, распоредени без некоја шема, неправилно обликувани и често поврзани во зони на скалпот. Асимптоматични се иако некои пациенти чувствуваат чешање и осетливост на афектираниот скалп. Индивидуалната лезија е хипопигментирана и малку подминирана. *Стапалки во снег* се однесува на клиничкиот изглед на лезиите кои се атрофични. Состојбата може да се влоши во бранови со периоди на активност, следени со период на мирување.