ПСОРИЈАЗА НА СКАЛП

Постојат различни проблеми со кожата на главата кои се јавуваат како кај мажите така и кај жените. Псоријазата е еден од нив. Псоријазата е релтивно честа состојба на кожата и вообичаено се јавува кај 2% од вкупната популација. Почесто се јавува кај мажи и жени после 35-тата година од животот. Се јавува во форма на црвени печати на кожата покриени со сребренесто – бели лушпи на мртва кожа. Иако псоријазата не е заразно заболуваwе, може да се појави неприметно и да влијае врз самодовербата на лицето кое ја има. Псоријазата претставува автоимуно заболување каде имуниот систем ги напаѓа здравите клетки на телото.

                                      scalp-psoriasis-symptoms

Псоријазата е хронично заболување кое трае долго, но третманот кој би ви го препорачале специјалистите трихолози би можел да ги ублажи негативните симптоми. Во зависност од сериозноста на состојбата зависи и видот на третман кој би ви бил препорачан. Третманот покрај локаланата терапија, вклучува и промени во исхраната, промени во начинот на живот и евентуално адекватни медикамнети. Псоријазата може повторно да се појави и ниту еден третман не може да понуди трајно решение на овој проблем.