РЕСТРИКТИВНИ ДИЕТИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

РЕСТРИКТИВНИ ДИЕТИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Диетите најчесто се концентрираат на намалување на калоричниот внес или на внесот на јаглехидрати, но, не обрнуваат внимание на внесот на нутритиенти. па лицето на диета почнува да развива недостатоци во исхраната кои резултираат со повеќе симптоми, меѓу кои губењето на коса како највпечатлив.Следењето на многу рестриктивни диети и наглото губење на тежина може да создаде витамински недостаток во многу случаи, што предизвикува нарушување на хемискиот баланс и последователно губење на косата.

Цинк, витамин Б12 и биотин (вит.Х) се три нутритиени кои се предуслов за здрава коса. Без нив, косата преминува во фаза на мирување и почнува да опаѓа. Додека дефициенцијата не се поправи косата нема да порасне повторно.

Недостаток од цинк ќе резултира со промени на скалпот, како на пример перут. Тоа е така затоа што цинкот е битен за клеточната делба и помага на телото да продуцира протеини и колаген, кои се неопходни за кожата и фоликулите на влакното да ги одржува здрави и цврсти. За повеќе цинк во исхраната, јадете пченични никулци, месо, јајца и жолчки од јајца.
Витамин Б12 помага во формирањето на црвени крвни зрнца кои го транспортираат кислородот до сите делови на телото, вклучително и скалпот и фоликулите на влакното. Додадете го во исхраната преку јајца, месо и живина.
Биотин ја прави косата и кожата мека и нежна. Пивски квасец, кафеав ориз, грашок, леќа, соја, семки од сончоглед и ореви се извор на биотин.

Навремено препознавање на опаѓањето на косата предизвикано од рестриктивни диети, и секако навремен третман обезбедува комлетно враќање на изгубената коса.