Слаба коса

Причините за ослабнување на косата се бројни, но генерално може да се класифицираат во три катергории: генетски, медицински и од околината. Мажите и жените имаат проблем со губење на косата обично поради различни причини, но категоризирањето останува исто. Понекогаш и неколку фактори делуваат на ослабнување и сувост на косата.Најчести здравствени проблеми кои предизвикуваат истенчување со сувост и кршливост на косата кај жени се проблеми со триоидна жлезда.

     X5ThkF7v

Инсуфициенција во исхраната, особено недостаток на одредени минерали и витамини исто така предизвикваат сува и слаба коса. Човечкото влакно е изградено од протеин наречен кератин. Недоволни нивоа на железо, недостаток од некои протеини, недостаток од биотин и ниски нивоа на вит. А, Ц и Е ја пореметуваат способноста на организмот да произведува здрав кератин, а недостатокот од одредени масни киселини пак предизвикува сувост на косата. Нездрава продукција на кератин го успорува растот на косата, предизвикува кршливост на влакното но и ја нарушува состојбата на фоликулот.Така настанува не само сува коса туку и истенченост на косата.Кај здрави млади лица пак, слабата сува коса може да биде резултат на лоша исхрана или фактори од околината.

Одредени загадувачи, фарби и хемиски третмани на косата од една страна го сушат влакното а од друга страна ги запушуваат порите на влакното предизвикувајќи опаѓање на косата.Работната средина, стрес, загадувачи во воздухот ја прават косата безживотна со расцветани краеви. И секако наједноставните причинители секогаш ги занемаруваме, сувото и ладно време надвор и силно затоплените простории во зима ја ослабнува и суши дури и нормалната коса.