СЛАТКА ХРАНА ЗА ДУШАТА И ЗА ФОЛИКУЛОТ НА ВЛАКНОТО

krusiКој не ги сака сочните и слатки круши во есен?
Имаат висока содржина и на растителни влакна и на антиоксиданси кои помагаат во борба против многу здравствени проблеми а особено го подобруваат имунитетот.
Кога станува збор за најисклучителните бенефити за косата, првото нешто што треба да се стави на листата е нивната способност да ја направат косата здрава и негувана. Крушите, содржат природен шеќер наречен *сорбитол* или *глуцитол*, кој ги храна корените на влакното, го негува скалпот и ја држи косата хидрирана со цел да биде здрава. Хидратантните особини на крушите ги прави многу корисни за намалување на сувоста на косата. Освен тоа, високата концентрација на витаминот Ц, К и бакарот ги неутрализираат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките. Преку одржување на здравјето на клетките на влакното ги кондиционира нишките на влакното . Поради тоа косата помалку се заплеткува и полесно се обликува.