СОВЕТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТРЕСОТ, ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

joga

Стресот е дел од животот, нормален одговор на емоционалните, интелектуални или физички потреби. Може да биде позитивен, доколку не држи алармирани, мотивирани и подготвени да избегнеме одредена опасност. Може да биде негативен доколку стане хроничен, со што се зголемува ризикот за болести како депресија, срцеви заболувања и голем број на други проблеми,меѓу кои и интензивно опаѓање на косата.

Менаџирањето на стресот е клучот до вашето здравје. Тоа и не е толку тешко да се постигне.

Совети за намалување на стресот

Луѓето можат да научат како да го менаџираат стресот и да водат посреќен и поздрав живот. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го држите стресот под контрола :
-Секогаш бидете позитивни
-Прифатете дека има настани и случувања кои не можете да ги контролирате
-Бидете наметливи наместо агресивни. Наметнете ги вашите чувства, мислења или верувања наместо да станете гневни, дефанзивни или пасивни.
– Научете и практикувајте техники за релаксација, пробајте со медитација, јога или tai-chi.
– Вежбајте редовно. Вашето тело може подобро да се бори со стресот кое е во добра форма.
– Исхранувајте се со здрави, добро балансирани оброци.
– Научете да го менаџирате вашето време по ефективно.
– Поставете соодветни граници и кажете не на барања кои ќе создадат прекумерен стрес во вашиот живот.
– Одвојте време за хобија и интереси.
– Одмарајте и спијте доволно. На вашето тело му треба време да закрепне од стресни настани.
– Не потпирајте се на алкохол, дрога или храна за да го намалите стресот. Намалете го и кофеинот исто така.
– Барајте социјална подршка. Поминувајте доволно време со оние кои ги сакате.
– Барајте третман со психолог или друг професоналец за ментално здравје обучен за стрес менаџмент или техники за биотерапија за да научите здрави начини за справување со стресот во вашиот живот.