СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНА НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА НА СКАЛПОТ КОИ МОЖАТ ДА ПРЕВЕНИРААТ ГУБЕЊЕ НА КОСАТА

mienje

Немојте да користете четки си пластични или метални влакна-запци. Користете четки со природни влакна. Како на пример четки со влакна од свиња. Овие четки се едни од најдобрите бидејќи влијаат врз намалување на можноста за појава на расцветани врвови. Ова се должи пред се на фактот што четките со влакненца од свиња се изработени така што самите влакненца се наогаат во оптимална густина и растојание што пак овозможува при расчешлување на косата да дојде до затворање на кутикулите на влакната и лесно да се дистрибуирааат природните масла насекаде во должината на косата правејќи ја косата мека и сјајна. За подолготраен век на вашата четка со природни влакна од свиња како и за одржување на здрава коса и скалп, потребно е редовно чистење на четката, бидејќи со самото чешлање на четката се акумулираат разни нечистотии и масла од косата. Доколку четката не е добро исчистена, ваквата нечистотија и масла повторно ке бидат нанесени на вашата коса и скалп.

Редовно масирајте ја кожата на главата (скалпот) заради подобра циркулација на крвта. Масажата на скалпот е многу важна во одржувањето на здрава коса и помага во потикнување на раст на здрава и цврста коса. Корените на косата се прихрануваат со помош на многу мали крвни садови кои носат кислород и хранливи материи до нив а ги изнесуваат јаглерод диоксидот и други отпадоци. Препорачливо е секое утро да ја стимулирате циркулацијата на крвта во скалпот. За оваа цел користите ги вашите раце, масирајте го скалпот под притисок со нежно поместување на самата кожа на главата, но никако со триење на скалпот или со негово гребење со нокти. Започнете со масажа на вашето чело, и постепено масирајте се до вашиот врат. Неколку минути се доволни за целосно потикнување на циркулацијата на крвта во вашиот скалп.

Задолжително користете pH избалансиран шампон и кондиционер кој би одговарал на природниот pH на косата. Сапунот воопшто не е добар за миење на косата. При изборот на шампон секогаш купувајте 100% природни шампони особено шампони кои во себе не содржат парабени, силикони и други штетни сулфати. Природните шампони не прават голема пена при миењето на косата, напротив тие ја чистат косата и скалпот најдобро и на најприроден начин. Оние шампони кои прават големи пени всушност во себе содржат парабени кои не само што не ја чистат адекватно кожата и косата туку силиконите присутни во нив се таложат на самата кожа предизвикувајќи постепено затворање на порите кои долготрајно можат да предизвикаат проблеми со скалпот и дополнително да го потикнат губењето на косата. Природните шампони значително можат да ја подобрат состојбата на вашата коса и скалп бидејќи воопшто не ги одземаат природните масла кои се лачат во вашиот скалп и коса и кои ја хидрираат и заштитуваат од секакви надворешни влијанија.

Мијте ја косата со средно загреана вода, но во никој случај прежешка вода. Врелата вода не само што нема да ја исчисти вашата нечистотија туку и ќе предизвика дополнително сувост. После миењето со средно загреана вода, на крај поминете ја косата со постуден млаз на вода. Ова ќе помогне да се затворат порите и кутикулите на влакното и ќе овозможи сјајност на косата.

Избегнувајте често фенирање или изложување на косата на преси под високи температури. Доколку морате тоа да го правите тогаш гледајте да го сведете на минимум. Препорачливо е косата да се исуши нежно со помош на пешкир, без притоа да ја триете со пешкирот за да не дојде до оштетување на скалпот и кинење на косата.

Минимизирајте го хемиското третирање на косата. Хемикалиите ќе ја променат основната структура на вапето влакно и ќе ја направат вашата коса слаба и неотпорна на понатамошно кинење и оштетување.

Оние кои се склони кон појава на расцветани врвови на косата е препорачливо да ја потстрижуваат нивната коса на секои 6 недели се со цел да се овозможи раст на поцврста и поздрава коса.