СОВЕТИ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ ЗА ПОСЕБНА НЕГА НА ВАШАТА КОСА ВО ЛЕТО

 letoЛетото носи преубави визии за долга коса природно нијансирана од сонцето, која се вее на летното ветре.
А,реалноста?
Летното сонце, неподносливите температури и зголемената влажност може да ја оштетат кутикулата на влакното правејќи ја косата сува, кршлива, груба и расцветана.
Изложеноста на сонце може да биде штетна колку и супер топол фен.
Сите типови (тенка, средна и дебела коса), сите текстури (права, прекршена, виткана) и сите состојби (здрава, оштетена) на коса може да *настрадаат* од премногу сонце што води до губење на влажноста, сувост и разлетаност на косата.
Еве неколку основни совети кои ќе превенираат непотребно оштетување на косата и ќе ви овозможат да имате прекрасна коса во лето!

1. Одморете ја косата од агресивни шампони

Морате да бидете нежни со косата во текот на летото!
Користете благи шампони и шампони кои се кондиционирачки, кои се повеќе хидратантни,
затоа што на Вашата коса и се потребни природните маснотии за заштита од сонцето. Користете шампони со екстракти од бамбус, со алги. итн… Кога можете завршете го миењето на косата со ладна вода. Тоа ќе и даде сјај на косата. Топлата вода ја остава кутикулата груба и нерамна, а ладната и дава мазност и сјај. Секако ефектот е привремен и мора и правилно да ја исушите и стилизирате потоа, ако сакате да остане убавиот и сјаен изглед.

2. Go natural – Вратете се на природен изглед

Во тек на летните месеци кога косата има тенеденција да ја губи влажноста, ограничете го користењето на хемикалии ( бланш, фарби, хемиски исправувачи) колку што можете повеќе. Познатите како Eva Longoria го разбираат значењето на заштита на косата преку лето. Зависно од типот, текстурата и состојбата на Вашата коса, би било добро да одбегнувате одредени производи за нега на косата кои содржат состојки кои ја сушат косата, како на пр.алкохол базирани производи. Изберете производи кои се природни, органски.

3. Оставете ги топлинските апарати за обликување

Ако вообичаено користите фен, пегла за коса, топли виклери, одморете ја косата од нив во тек на летните месеци. Сушете ја природно кога сте во можност, за лесни, шик стилови. Играјте си со правење плетенки, потоа со полуподигната коса. Сплетете ја влажната коса во плетенка и оставете да се исуши. Ќе добиете прекрасни природни бранови на косата. Ако не можете да се одделите од вашиот фен , користете производи за стилизирање кои не се домивааат за да ја заштитите косата. Кога ја сушите косата, нека биде на висока температура. Зошто? Всушност е подобро да ја сушите на повисока температура затоа што така ја изложувате косата на топлина пократко време.

4. Засилете го корстењето и на кондиционери за испирање

Погрижете се да аплицирате кондициноер за испирање адекватен за вашата коса, тип, структура и моментална состојба. Откако ќе ја тампонирате косата добро со пешкир прснете од одличен производот кој ќе ја штити косата ( eave-in product) рамномерно на целата коса.
5. Закажете третмани за длабинско кондиционирање

Косата која се иложува на сонце често, бара реовни длабинско кондиционирачки третмани и обновување на хидратацијата. Користете адекватно богати по состав маски. За дополнително кондиционирање нанесете ја маската прамен по прамен по целата должина на сува или влажна коса и потоа ставете капа за туширање. Остевете кондиционерот да делува дури и преспијте така за поглем бенефит. Меѓутоа, запомтете, некои производи наменети да дадат сјај на косата, можат само да додадат сјај, но нема да хидрираат и да ја вратат влажноста на косата. Затоа читајте го составот на производите за да разберете кои ефекти би ги обезбедил производоот на вашата коса. Или едноставно не се оптеретувајте со анализа туку обратете се на стручни лица за консултација !

6. Третирајте ги кршливите краеви на косата со масло од Јојоба или Палма

Маслото од јојоба или палма аплицирани на кравите на вашата коса ќе помогне во нивно омекнување. Маслото од јојоба или палма прави чуда кај наелектризирана коса. Маслото од јојоба или палма исто така може да се користи и како пред третман на миење на косата, па дури и да го оставите да ја штити косата во текот на целиот ден (задолжително не смеете да ја изложувате косата на сонце кога сте го нанеле маслото на вашата коса). Овие масла го спречуваат појавувањето на стаичкиот електрицитет во вашата коса за време на летниот период. Дополнитело и дава природен сјај на косата и ја враќа природната влажност на косата.

7. Користете заштита

Изложеноста на вашата коса и скалп на сонце без никаква заштита е најлошото нешто што можете да го направите. Задолжително користете leave in производи со заштитен фактор доколку планирате да го поминете денот на плажа или во сончање, се разбира доколку не би користеле шешир или капа за заштита од сонце. Доколку се одлучите да користете капа за заштита од сонце, задолжително купете капа која ќе овозможи лесно циркулирање на воздух.

 

Освен што ќе ја хидрирате вашата коса однадвор со маски, кондиционери и други производи за хидрирање на скалпот, задолжително хидрирајте ги вашата коса и скалп и одвнатре. Пијте големи количини на вода и течности во текот на летото. Имајте на ум дека пијалоците базирани на алкохол можат да ја дехидрираат вашата кожа и скалп.