СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОЈАВУВАЊЕТО НА ПЕРУТОТ

Применете ги овие совети и со тоа ослободете се од лушпичките, црвенилото и јсовети перутадежот од перутот. Ова се едноставни нешта кои можете да ги направите да го спречите појавувањето на перутот.

1. Мијте ја косата често. Шампонирањето помага да се отстранат маснотиите на вашиот скалп кои мопе да доведат до перутење. Се препорачува миење на косата најмалку два пати неделно.

2. Користете шампон кој има состојки против перут. Може да го превенира воспалението кои води кон појавување на лушпички, црвенило и јадеж.

3. Не треба да користите многу производи за коса. Тои може да ги зачепат порите и да го влошат перутот.

4. Јадете анти-воспалителна храна како овошје, зеленчук и риба. Земањето витамини исто така може да помогне. Б-витамини, омега-3 масни киселини и цинкот помагаат кај воспалителните проблеми на кожата како перутот.

5.Обидете се да го намалите стресот . Секоја состојба со кожата може да биде влошена од стресот. Со негово менаџирање ќе се чуствувате подобро и ќе ви помогне со перутот.

6. Избегнувајте ги производите за коса кои ја хидрираат, навлажнуваат. Тие може да ја влошат вашата состојба. Кога имате перут, вашиот скалп е најчесто масен, не сув.

7. Посетете стручни лица-лекари доколку имате други прашања за превенирање на перутот и неговото третирање.