СОНОФОРЕЗА

1

Кожата претставува важна заштитна бариера која ја спречува пенетрацијата на разни егзогени супстанци во телото од една страна, но од друга страна и потенцијален пат за пренос на функционално активни принципи за кожата и телото. За да биде ефективна одредена активна состојка таа мора да го премине заштитниот слој на кожата, стратум корнеум. Така се добиваат подобри функционални и терапевтски ефекти, што е особено битно во дермокозметиката каде најголем број од производите кои се користат имаат големи молекули кои не можат да ја преминат бариерата на површинскиот слој. Студиите кои се однесуваат на методите на пенетрација на стратум корнеум добиваат се поголемо експериментално и клиничко значење.
Како вид на ултразвук, Сонофорезата е технологија која ја помага апсорпцијата на активни супстанци во кожата. Всушност сонофорезата може да ја зголеми пермеабилноста на кожата до 800%.

Од сите методи кои се користат во пренесување на активни состојки во кожата, сонофорезата има многу да понуди во современите третмани на кожата и скалпот.Технологијата на користење на звучни и сонични бранови како вид на третман е присутна долго време, но претежно насочена како терапевтски третман за подлабоките слоеви во физиотерапијата.
Употребата на сонофорезата во третманите на кожа и скалп е да се обезбеди зголемена пермеабилност на кожата. Оваа *пермеабилизација* на кожата и скалпот обезбедува многу повисока апсорпција на активните супстанци кои терапевтот се обидува да ги инфузира. Резултатот е двоен, и поекономично користење на терапевтскиот агент и подобар одоговор на аплицираниот агент поради негова подобра апсорпција.
Ултразвукот се користел уште од 70-тите за зголемување на продорот низ кожата, а во средината на 90-тите, сеопфатни истражувања биле спроведени во потрага по атрактивни алтернативни системи на достава на лекови спротивно на инјектирање и орална администрација. Бројни студии се фокусирале на олеснување на трансдермалната пермеабилност на различни медицински супстанци пр.инсулин преку сонофореза со ниска фреквенца. Во тек на клиничката евалуација на ефективноста на сонофорезата, експериментите демонстрираа дека сигнификантна фракција (околу 30%) од интерцелуларните липиди на стратум корнеум, беа поместени или отстранети во тек на апликацијата на сонофорезата, и зголемувајќи ја премеабилноста на кожата до 800%.
За да се разбере како сонофорезата функционира, првин мора да ја разбереме механиката на липидно/водениот биослој на стратум корнеум (површинскиот слој на кожата). Тие делуваат како главна линија на одбрана на пониските слоеви на дермисот. На ова ниво многу супстанции со голема молекуларна тежина се одбиени и не можат да продрат во кожата.

За несреќа, многу од активните состојки кои се користат во третманите на кожа и скалп се комплексни молекуларни формации и не успеваат целосно да преминат низ заштитиниот слој. Сонофорезата делува на привремено редуцирање на густината на липидите во интерцелуларниот домеин на бислоевите. Овој прекин на бариерата се случува како резултат на комбинација на микромеханичкиот, термичкиот и кавитациониот ефект на сонофорезата, кој ефективно ги отвора интрацелуларните патишта, обезбедувајќи супстанци со голема молекуларна тежина подобро да пенетрираат. Овие отвори се наречени лакуни и се пат за апсорпција на разни активни принципи од аплицираниот производ.
Сонофорезата е високо ефективен метод за зголемување на пермеабилноста на кожата и подобрување на ефектите од аплицираните производи.