СО 101 ТЕРАПИЈА И ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈА ДО ПОГУСТИ ЗАЛИСТОЦИ

СО 101 ТЕРАПИЈА И ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈА ДО ПОГУСТИ ЗАЛИСТОЦИ

Продлабочување на фронталната линија со формирање на залистоци е првиот стадиум на развој на наследниот тип на губење на коса.
Појавата на залистоци не е проследена со интензивно опаѓање на косата,туку со суптилно ослабнување на косата во фронталниот дел. Често пациентите ги занемаруваат залистоците, и поминуваат дури 2 години додека не забележат вистинско влошување.
Но сепак, доколку се реагира во првите неколку години, третманот на залистоците може да даде одлични резултати.

Нашите докторки-трихолози испланираа локална терапија со 101 тониците која даде подобрување на густината на целиот фронт како и на залистоците. Терапијата беше дополнета со серија третмани со ласерска биостимулација,која овозможи уште еден степен на згуснување за само три месеци.
Третманот продолжува додека се постигне полн волумен и густина.