СПРЕЧЕТЕ ВОШЛИВОСТ КАЈ ВАШЕТО ДЕТЕ

headlicetreatment

Во рамките на месецот на превенција од вошливост, докторките-трихолози од 101 HAIR CLINIC ве советуваат како да спречите вашето дете да фати вошки.

Вошките се пренесуваат преку близок, личен контакт, особено кога главчињата на децата се доближуваат додека играат заедно или си зборуваат. Исто така вошките можат да се шират преку разменување на предмети за лична употреба, како чешли, додатоци за коса, јакни, капи и шалови, кациги, полнети играчки, слушалки за уши дури и ако децата лежат на ист кревет или тепих. Девојчињата имаат поголем ризик од момчињата да фатат вочки бидејќи тие сакаат да си шепотат тајни, да делат додатоци за коса (шноли, ластичиња, чешлиња, машни итн…) и да преспиваат една кај друга. Девојчињата исто така најчесто имаат долга коса, која полесно може да дојде во контакт со вошките.

Советувајте ги вашите деца да одбегнуваат директен контакт глава со глава со нивните другарчиња. Предупредете ги да си ги користат само сопствените предмети за лична употреба. Соберете ја косата на вашето девојче во опавче, плетенка или пунџа и обратете и внимание да не зема ластичиња и шноли од други деца.

И користете и спреј за заштита од вошки. Базиран на природни состојки, а не токсини или пестициди LiceGuard’s спрејот за заштита е безбеден и ефикасен начин да превенирате Вашето дете повторно да фати вошки. Спрејот е концентрирана формула која само со неколку прскања обезбедува 24 часовна заштита од вошки.