ТИМСКА РАБОТА НА ДОКТОРОТ И ПАЦИЕНТОТ ЗА УСПЕХ ВО ТРЕТМАНОТ

ТИМСКА РАБОТА НА ДОКТОРОТ И ПАЦИЕНТОТ ЗА УСПЕХ ВО ТРЕТМАНОТ

Наследното опаѓањето на косата кај многу млади пациенти може да претставува голем емотивен и психолошки стрес.
Кога губењето на косата почнува на млада возраст, пациентите го доживуваат како голем естетски проблем. Што силно се одразува на нивната самодоверба.

Стресот поради губењето на косата, влијае на начин на живот, на исхрана и на спиење, што уште повеќе го влошува опаѓањето. Често пациентите се плашат дури и да ја чешлаат и мијат косата, во страв дека ќе опаѓа повеќе. Поради акумулацијата на маснотии и перут сее јавува и воспаление на скалпот кое исто така придонесува за опаѓањето. На тој начин, наследното губење на косата лесно се влошува со епизоди на телоген ефлувиум, а чувството на пациентите е како косата да не престанува да опаѓа.

Излегувањето од тој маѓепсан круг на губење на косата бара и многу добра стретегија од страна на докторот но и голема посветеност на пациентот. Довербата на пациентот во докторот е неопходна и само со заеднички труд се постигнуваат резултати.
101 терапија, комбинирана со ласерска биостимулација не само што го сопре опаѓањето туку врати и голем дел од изгубената коса. Густината на косата е во граници на нормала а пациентот е презадоволен од резултатите. Но следен чекор е микронидлинг мезотерапија за оптимална густина на косата