ТРАКЦИОНА АЛОПЕЦИЈА

Тракциона алопеција е форма на механичка, трауматска алопеција. Траумата е обично блага но долготрајна. Најчесто одредени фризури кои вклучуваат тегнење, плетење на косата, на агресиви хемикалии и термички апарати за стилизирање предизвикуваат сигнификантно оштетување на фоликулите на косата што води до губење на косата.

Главната причина за тракционата алопеција е цврсто стегнати фризури кои континуирано го влечат влакното.

Освен стегнати фризури, тракциона алопеција може да биде предизвикана и од хемиски и термички третмани. Пример, фарби, бланш, производи за исправување се покажало дека сериозно го оштетуваат влакното. Термичките апарати за стилизирање исто така можат да доведат до тракциона алопеција.

about
about

Иницијално губењето на косата е привремено, растот на косата може да се обнови и состојбата се однесува како нецикатрициелна алопеција. Но, ако ексцесивната тракција продолжи со години, губењето на косата може да стане перманентно и да се развие цикатрициелна алопеција.

Може да има еден латенетен период од декада и повеќе од почетокот на тегнењето на косата до почетокот на трајното губење на косата. Се сретнуваат најчесто Афро-Американки во нивните 30-ти или 40-ти години со историја на перзистентно, битемпорално или фронтално губење на косата. Овие жени може да негираат дека имале одредени стилови на фризура која ја носеле долго време. Клинички се манифестира како периферна или маргинална форма на алопеција која ја зафаќа фронталната темпоралната и париеталната граница на скалпот. Чешање е често присутно.