ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА Е МЕТОД НА ИЗБОР КАЈ НАПРЕДНАТО ПРОРЕТЧУВАЊЕ

ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА Е МЕТОД НА ИЗБОР КАЈ НАПРЕДНАТО ПРОРЕТЧУВАЊЕ

Проретчувањето на косата е присутно во фронталниот дел како и на круната на главата и веќе е напреднат стадиум. По класификацијата по Norwood Hamilton ова проретчување е веќе стадиум кој се манифестира со изразено намален број на влакна.

Дермоскопски се забележуваат поединечни влакна, без присуство фоликуларни единици. Дури и поединечните влакна се веќе променети и полека се истенчуваат.

Докторите трихолози предложија дека најдобра опција за третман на овој стадиум е трансплантација на коса. Со трансплантација на цврста коса од донорската регија во задниот дел на главата се постигнува густина каква е потребна. Влакната од донорската регија се отпорни на ДХТ поради што не опаѓаат, па резултатите се трајни.
Нашите ISHRS хирурзи правилно ги дистрибуираа влакната во фронтот и круната на главата за да постигнат максимална густина.