ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА ЗА СОВРШЕНА ГУСТИНА И ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД

трансплант

Нашата коса е еден од највпечатливите делови на телото на прв поглед. Независно што косата се разликува по квалитет, карактеристики, боја и должина, секој од нас сепак се труди да привлече со стил и фризура на својата коса која е уникатна и различна.
Лицата кои се соочуваат со губење на косата се чувствуваат социјално некомпетентни и губат самодоверба. Како последица, овие негативни чувства имаат негативен ефект на секој аспект од животот на поединецот.
Токму затоа косата има големо значење за нас!

Со сите негативни влијанија што ги носи, опаѓањето на косата зафаќа дури 50% од мажите до 50 годишна возраст. За да се реши овој проблем, постојат рзалични методи и пристапи.
Согласно на состојбата на косата и скалпот, методите за стимулација на растот на косата би требало да бидат прв избор, советуваат од клиниката за проблеми со коса и скалп  101 Hair, затоа што косата може да расте повторно. Во одредени ситуации трансплантацијата на коса е најдобриот избор.

Денес, целта на FUE трансплантацијата на коса не е ограничена само на раст на коса од трансплантираните фоликули туку се цели и кон природен изглед на косата. Никој не сака да биде очигледно дека направил трансплантација на коса. Со големите достигнувања во последните години, особено со можноста за трансплантација на фоликули со едно влакно и со микро и мини графт процедурите, веќе трансплантираната коса не изгледа како кај кукла. Употребата на понежни и потенки фоликули и развојот на пософтицирана нова апаратура им овозможи на хирурзите да изведуваат трансплантации специфични и индивидуални за лицето кое подлегнува на трансплантација, што резултира со природен изглед. Затоа изборот на одличен хирург е неопходен! 101 Hair клиниката соработува со една од водечките клиники за пресадување на коса во Турција чии хирурзи имаат повеќе од 20-годишно искуство во трансплантација на коса.
Техниките кои ги користи хирургот, неговото искуство во трансплантацијата на коса, неговата едукација и референци се есенцијални за да ги добиете очекувани резултати.
Додека многу од пациентите со опаѓање на косата не биле добри кандидати за трансплантација во минатото, денес речиси секој кој има проблем со губење на косата може да има трансплантација благодарение на развојот на модерните техники, развојот на перцепцијата на трансплантацијата на коса како еден вид уметност и достапните цени од 1500 евра па нагоре.
На кратко, трансплантацијата на коса се состои од екстракција (вадење) на фоликули на влакна од задниот дел на скалпот и нивна инсерција (вметнување) на местата на ослабнување на косата. Косата на задниот дел од скалпот има донорски влакна кои имаат способност да растат цел живот без да ослабнуваат. Доминантната донорска регија е научната основа на трансплантацијата на коса. Графтовите потоа се пресадуваат на местата каде пациентот сака да има природна линија на косата и нормална густина.
FUE е различна од FUT техниката на трансплантација во една клучна работа: фоликулите во FUE техниката се вадат директно од скалпот, а кај FUT техниката се дисектираат од лента кожа која се вади од задниот дел на скалпот. Засадувањето потоа се врши на речиси идентичен начин кај двете техники.

Како се изведува FUE?
Во тек на FUE процедурата на трансплантација, индивидуални фоликули се вадат еден по еден со користење на многу тенок инструмент, со помош на кој се прават мали кружни засеци на кожата околу фоликуларната единица. Графтот (фоликулот) потоа дирекнто се вади од скалпот. Постапката трае околу 5-6 часа.
Малиот отвор кој останува после екстракцијата на фоликулот, заздравува за неколку дена, при што се формираат сосем мали и незабележливи кружни лузни. Кај FUT техниката останува голема лузна на скалпот која е воочлива кај кратка коса. FUE техниката е безболна процедура.
Растот на косата после трансплантацијата варира од лице до лице. Дури растот не е униформен на двете половини од главата. Обично заостанува на едната страна.

После трансплантација растот на косата напредува според отприлика следниот распоред:
1- 6 ден после операција: Една недела после трансплантација има благ оток на челото, благо црвенило и црвени точки и крусти на скалпот. Нема болка.
10-14 дена: Крустите се речиси целосно испаднати. Почнува опаѓање на трансплантираната коса што е сосем нормално 3 недели после операцијата.
1-3 месеци: Се забележува почеток на раст на снопчиња коса од површината на скалпот. Новата коса може да не расне рамномерно, ама секако и сигурно ќе порасне. На почеток забележувате раст на тенка коса, но постепено ќе зајакне. Во тек на оваа фаза може да забележите појава на формации слични на акни, што е привремено и е позитивен знак за нов раст на косата
5-6 месеци: очигледен е растот на новата коса и видливо е згуснувањето на косата. Стеблото на влакното е веќе поцврсто.
8-10 месеци: резултатите се оптимални. Косата е густа и веќе со одлична должина.
1 година: се гледа полниот ефект од трансплантацијата, може да се јават структурални промени на косата.

Растот на косата после трансплантација е постепен процес. Степенот на раст на косата варира од лице до лице. Затоа не се разочарувајте ако не забележите брз раст на косата. Потребно е време за раст на косата!
За да се обезбеди оптимален и максимален раст на косата потребна е адекватна постоперативна нега, која вклучува користење на адекватни производи кои ја негуваат кожата на скалпот .Саунирањето помага во побрзо отстранување на крустите и побрза регенерација на кожата.
Третмани со ласерска биостимулација се неопходни за побрзо заздравување на кожата. Но најбитно е што се покажа дека ласерската енергија го подобрува прифаќањето на трансплантираната коса и го подржува и забрзува нејзиниот раст.
Добрата постоперативна нега и адекватниот план за стимулација на растот на косата, препорачуваат од 101 Hair клиниката за проблеми со коса и скалп, се предулсов за да ја задржите и одржите траснплантираната коса со оптимална густина долгорочно.