ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА

transplantТрајно решете го проблемот со опаѓање на косата со гаранција за природно густа коса цел живот.

Напредните хируршки техники за трансплантација обезбедуваат трајно решение со сосема природен изглед за оние кои ја изгубиле својата коса или имаат проретчена коса. “FUE” е постапка во која буквално илјадници фоликули се дистрибуираат во зоната на целосно изгубената и проретчена коса. Еднаш собрани од “донорската” област (страничните и задниот дел од главата), фоликулите на косата микроскопски се вивисецираат во “графтови”. Секој микрографт содржи одделна “фоликуларна единица”, која се состои од 1-3 фоликули на коса. Фоликуларните единици во вид на графтови потоа внимателно се имплантираат во зоната која што нема коса или косата е проретчена. Прецизни уметнички и технички вештини се потребни од страна на искусен пластичен хирург за да се создаде соодветна линија на косата, како и да се обезбеди соодветен агол, ориентација и позиција на секој трансплантиран графт коса.

Постапката за трансплантација на коса се изведува користејќи локална анестезија. За време на трансплантацијата удобно се релаксирате, гледајќи ДВД, слушајќи музика или задремување за време на самата постапка, која трае неколку часа, во зависност од бројот на графтови кои треба да се екстрахираат од донорската област и да се имплантираат во областа на изгубена или проретчена коса.

Поголемиот дел од луѓето немаат никакви значајни непријатности по операцијата. Мало чешање и отекување може да се случи, но генерално поминува после неколку дена. Нормална физичка активност може да се практикува 4 дена после операцијата. Крустите на скалпот вообичаено се чистат во рок од десет дена.

Трансплантираната коса опаѓа по околу 2 недели (што е нормален процес и се должи на недостигот на кислород) и генерално започнува повторно да расте за околу 3 месеци. Нашиот Центар нуди целосна предоперативна и постоперативна двонеделна нега која е бесплантна, при што се вклучени низа постапки и третмани со ласерска биостимулација, кислородна инфузија и нега заради добивање на побрзи резултати од трансплантацијата. Вистинскиот ефект од трансплантацијата се постигнува после 6 до 8 месеци. Во зависност од степенот на проретчување во една сесија на трансплантација максимално се вадат до 3.500 фоликуларни единици односно околу 10.000 влакна. На еден сантиметар квадратен се имплантираат по околу 120 влакна заради псотигнување на природна густина на косата. Цената на трансплантацијата зависи од бројот на графтови почнувајќи од 1.500 евра.

За максимално природен и супер ефект од трансплантацијата изборот на врвен хирург е од круцијално значење. Тимот кој ја работи трансплантацијата е составен од врвни европски хирурзи со многубројни признанија, награди, преку 20-годишно искуство во трансплантацијата на коса и сертифицирани членови на Европската асоцијација на пластични хирурзи. Доколку сакате подетално да се запознаете со биографските податоци и постигнувања на нашите хирурзи ве молиме да се обратите кај нас за дополнителни информации.

Трансплантираната коса е трајна и за неа добивате гаранција дека никогаш нема да опадне. Меѓутоа она што често не ви го кажуваат другите клиники за трансплантација на коса е фактот што доколку не продолжите да се грижите за косата која не е трансплантирана (предниот дел и круната на главата) косата ќе продолжи да се проретчува. Заради траен природен изглед и густина на косата, неопходна е континуирана нега на вашата коса. Нашиот Центар после трансплантацијата на коса ви обезбедува пакет третмани и производи кои имаат за цел да го одржуваат постигнатиот природно густ ефект на вашата коса.

За да добиете повеќе информации во врска со трансплантацијата на коса би Ве замолиле да се обратите кај нашиот стручен медицински тим на бесплатна консултација на тел броеви 02 6133 332 или 078 270 954.