ТРЕТМАНИТЕ ЗА РАСТ НА КОСА СЕ НОРМАЛЕН ИЗБОР НА СОВРЕМЕНИТЕ МАЖИ

ТРЕТМАНИТЕ ЗА РАСТ НА КОСА СЕ НОРМАЛЕН ИЗБОР НА СОВРЕМЕНИТЕ МАЖИ

Со години беше наметнувано верувањето дека губењето на косата е нормално за мажи и треба да се прифати, дека тоа е дел од процесот на станување маж.

Мажот од 21 век веројатно ќе ги игнорира застарените верувања кои го убедуваат да го прифати губењето на косата како нормално. Наместо да го прифати ќелавењето кое не му се допаѓа, тој прифаќа дека третманот за раст на коса е нормален избор за маж кој сака да го реши проблемот со косата.
Зошто да се живее со естетски неприфатлива состојба кога науката и медицината нудат начини да се елиминира? Во денешно време мажите може да елиминираат многу состојби кои биле невозможни да се третираат порано. Пр. се консултирате со ортодонт за да решите аномалија на забите која ја нарушува вашата насмевка, со дерматолог планирате да отстраните лузни од акни од пубертет, имате режим на исхрана и на вежбање од нутриционист и фитнес инструктор за да изгубите тежина и да го подобрите изгледот на телото.
Зошто тогаш да не спроведете и третман за раст на косата кој ќе ви помогне да ја вратите изгубената коса?

Никогаш не е доцна да барате решение за наследната ќелавост.
Докторите-трихолози препорачуваат третманот за раст на коса да почне во рани фази.Третман кој навремено ќе се спроведе , не само што го стопира опаѓањето на косата туку и дава можност за повторен раст на косата. Ако опаѓањето е во понапредната фаза, тогаш трансплантација може да дојде во предвид.
Нормално е да не ви се допаѓа ќелавењето а уште понормално е да побарате совет за третман против опаѓањето на косата. Во 101 Hair Clinic, нашите докторки-трихолози ви стојат на располагање не само за совет и преглед на косата туку и за решение за опаѓањето на косата.