ТРЕТМАН ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА НА КОСАТА И СКАЛПОТ

detox tretmanТретманот за детоксификација на скалпот и косата произлегува од светскиот тренд за детоксификација кој е реакција на константната изложеност на нашиот организам на токсини од медикаменти, производи за хигиена, за домаќинство, козметички производи, воздух, вода итн.
Производите за коса се особено богати со синтетички и силиконски деривати кои краткорочно му го враќаат сјајот на влакното но долгорочно го оштетуваат акумулирајќи се во влакното.
Во третманот за детоксификација со низа постапки примарно се отстрануваат акумулираните синтетичките состојки од влакното. Специфичноста на оваа фаза од третманот е што благите хербални производи и уникатната вулканска кал кои се користат, селективно ги отстрануваат нечистотиите и силиконот од влакното и скалпот без притоа да го дезинтергрираат заштитниот хидролипиден слој на влакното. По тоа оваа постапка се одвојува од било која друга класична постапка на чистење и миење на скалпот и косата која комплетно ја одмива хидролипидната бариера на влакното, а потоа ја заменува со силиконски деривати.
Во втората фаза од овој третман се применуваат висококвалитетни органски производи кои донесуваат хербални масла за подобрување на маслената компонента на влакното, витамини и минерали за нутриција и кислород и вода за хидратација. Со тоа здравјето и квалитетот на косата е повратено! Косата е еластична, сјајна и бујна