Третман за масна коса

                  فوائد_زيت_الجوجوبا_للشعر

Третманот за регулација на себореја има за цел да ја регулира функцијата на лојните жлезди, да го намали создавањето на себум и да ја одржува кожата на скалпот чиста и здрава. Здравиот скалп е иделана средина за нормален развој на влакното.
Со современите методи и апаратура е возможно длабинско чистење на скалпот и порите на фоликулот на влакното. Се обезбедува отворање на порите, отстранување на кумулираниот себум и нечисототии и ослободување од токсини. Постепено се нормализира функцијата на лојните жлезди. Природните производи со своите хербални екстракти придонесуваат во чистењето на скалпот на природен и неагресивен начин, за добивање долгорочни резултати. Органските производи помагаат во создавањето на здрав хидролипиден слој кој ќе го штити и одржува здрав епидермисот.
Се стимулира циркулацијата во кожата на скалпот, се поттикнува лимфната дренажа со што и на ниво на дермисот се детоксифицира и чисти скалпот. Непријатниот мирис од себумот кој се рзградува исчезнува.