ТРЕТМАН ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА МАСТЕЊЕТО НА КОСАТА И СКАЛПОТ

tretman za masna kosaТретманот за регулација на себореја има за цел да ја регулира функцијата на лојните жлезди, да го намали создавањето на себум и да ја одржува кожата на скалпот чиста и здрава. Здарвиот скалп е иделана средина за нормален развој на влакното.
Со современите методи и апаратура е возможно длабинско чистење на скалпот и порите на фоликулот на влакното. Се обезбедува отворање на порите, отстранување на акумулираниот себум и нечисототии и ослободување од токсини. Постепено се нормализира функцијата на лојните жлезди. Природните производи со своите хербални екстракти придонесуваат во чистењето на скалпот на природен и неагресивен начин, за добивање долгорочни резултати. Органските производи помагаат во создавањето на здрав хидролипиден слој кој ќе го штити и одржува здрав епидермисот.

Се стимулира циркулацијата во кожата на скалпот, се поттикнува лимфната дренажа со што и на ниво на дермисот се детоксифицира и чисти скалпот. Непријатниот мирис од себумот кој се рзградува исчезнува.
Освен тоа, се донесуваат и потребни нутритиенти и кислрод на фоликулот на влакното кој притиснат од насобраниот себум има ослабена функција. Фоликулот ја нормализира својата активност и почнува да продуцира квалитетно влакно. Влакното веднаш се ревитализира и ја враќа својата цврстина.
Скалпот станува чист и здрав, а косата еластична и сјајна.