ТРЕТМАН ЗА СУВА, ОШТЕТЕНА И БЕЗЖИВОТНА КОСА

tretman za suva kosaТретманот за подобрување на квалитетот и структурата на сува, оштетена и безживотна коса е уникатна комбинација од висококвалитетни органски производи за сува коса и високотехнолошки современи апарати за хидратација на влакното.
Специјално одбрани хербални производи со богат состав синергично делуваат за враќање на виталноста и убавината на косата. Благите шампони со растителни екстракти не го одмиваат заштитниот хидролипиден слој од влакното, како што се случува со нормалните шампони, туку го негуваат и задржуваат. Компактниот хидролипиден слој е предуслов за здраво влакно, затоа што е бариера која го штити од губење на влажноста. За разлика од синтетичките, силиконски препарати кои се акумулираат на влакното и го прават безживотно, органските состојки се интегрираат во кутикулата на влакното на природен начин враќајќи ја хидратантната и маслената компонента на влакното. Косата добива еластичност, цврстина и сјај.
Само природните производи се идеални за здравјето на косата!
Современата апаратура пак помага во подобра пенетрација на производите не само на влакното туку и на скалпот. Длабинско потхранување и подобрена циркулација на скалпот е неопходно за долгорочно здрава и квалитетна коса. Нутритиентите и кислородот до фоликулот на влакното обезбедуваат негова оптимална функција и продукција на квалитетно влакно.