Третман против перут

           Dandruff

Третманот за отстранување на перут комбинира повеќе методи и производи со цел да ја регулира хиперкератинизацијата на површинскиот слој на епидермисот. Докажано е дека агресивните шампони и медикаменти, дури и шампоните против перут може дополнително да го потенцираат перутот наместо да го отстранат.Природните органски производи овозможуваат нежен пилинг на скалпот отстранувајќи ги лушпите перут, но истовремено носејќи минерали и витамини и алфа хирдокси киселини за баланс на кожата на скалпот. На тој начин го чистат перутот без да предизивикаат иритација и дисбаланс на скалпот. Одредени органски компоненти делуваат емолиентно помагајќи во одржувањето на здрав
хидролипиден слој на скалпот со нормалeн pH. Модерните терапевтски методи пак го хидрираат епидермисот на кој поради немањето крвни капилари секогаш му недостасуваат нутриенти и вода и на тој начин ја одржуваат и задржуваат влажноста на скалпот. Така ја враќаат и обезбедуваат водената компонента на хидролипидниот слој на епидермисот. Ја регулираат функцијата на лојните жлезди обезбедувајќи стабилизирање на секрецијата на масните материи. Масните материи во нормални количини се
вклучуваат во составот на хидролипидниот слој, кој станува отпорен на надворешните неповолни влијанија. Перутањето исчезнува на таков здрав скалп и се заменува со нормален циклус на десквамација. Скалпот е чист, без сквами перут, без чешање, косата е чиста, здрава и без бели лушпи перут.