ТРИХОТИЛОМАНИЈА

Трихотиломанија е пореметување на импулсивната контрола по сегашната класификација, но сеуште има прашања околу тоа како би требало да се класифицира. Очигледно наликува на навика, зависност, тик или  обсесивно –компулсивно пореметување. Во поскоро време се концептуализира како дел од пореметувањата на повторувачко однесување спрема сопственото тело “body-focused repetitive behaviors” (BFRBs) заедно со чепкањето на кожата и грицкањето на ноктите.
Трихотиломанијата е пореметување кое предизвикува лицето да си ги кубе влакната од скалпот, од брадата, градите, нозете, од веѓите,трепавиците и други делови на телото, што резултира со видливи голи полиња. Кубењето на косата варира значајно во својата сериозност и тежина, локација на телото и одговор на третман. Кај некои лица, трихотиломанијата е изразена во блага форма и може да се прекине со малку повеќе концентрација и свесност на проблемот. Но, кај некои потребата за кубење на косата може да биде толку силна што лицето не може да мисли на ништо друго освен на тоа.about

Причината за трихотиломанија не е позната. Испитувањата за причините и третманите за ТТМ се сеуште во рана фаза. Прелиминарните докази индицираат дека е неуро-биолошко пореметување и дека генетиката може да игра улога во развојот на ТТМ. Исто така е возможно да има и неколку фактори, исто како што кашлицата може да биде предизвикана од различни болести. Иако основната биологија не е јасно разбрана во овој момент, знаеме дека лицата со трихотиломанија генерално имаат невролошко базирана предиспозиција да ја кубат својата коса како механизам на самоутешување.Механизмот на кубење служи и како механизам на копирање при нервоза или други тешки емоции. Иако вообичаената возраст на појавување е 11 години, трихотиломанијата може да се јави и кај деца од 1 година. Почетокот на кубењето може да се јави како последица на едноставен сензорен настан, како чешање на скалпот или од стресни животни ситуации и се јавува прилично ненадејно.
Се забележуваат зони на скалпот или целосна алопециа на скалпот.Зоните имаат бизарни форми, неправилни ивици и влакна со различна должина.