УЛТИМАТИВЕН СОВРЕМЕН ТРЕТМАН ЗА РАСТ НА КОСАТА

машка3
Во недостаток на време нашиот пациент бараше да одиме со интензивна терапија. Мезотерапија во комбинација со 400 диоден ласер е ултимативен современ третман за раст на косата.
Не само што дава брзи резултати туку и овозможува раст на косата и кај залистоците кои секогаш тешко реагираат на третмани. Врз основа на трихолошката анализа нашите докторки установија дека состојбата на фоликулите на влакното и кожата на главата како и степенот на проретчување на косата, дозволува да ја одбереме мезотерапијата како опција за третман. Со дополнувањето со ласерска биостимулација го подигнавме енергетското ниво на фоликулот и ја овозможивме неговата оптимална функција. Како резултат на тоа растот почна брзо и интензивно. Квалитетот на косата во текот на следните месеци се подобруваше и веќе во четвртиот месец добивме одлични резултати.
Сепак терапијата се продолжува со намален интензитет заради одржување и подобра цврстина на косата.