УСПЕХ И КАЈ ДОЛГОРОЧНО ГУБЕЊЕ НА КОСАТА

алопеција2Намалената функција на тироидната жлезда е честа причина за промени на косата, од тип на истенчување, опаѓање, сувост и кршливост.
Брзо после првичното дијагностицирање на хипотироидизмот нашата пациентка забележала промени на косата. Но последните 3 години особено после втората бременост, проретчувањето и ослабнувањето на косата е драматично изразено.

И покрај тоа што трихолошката анализа покажа значително ослабена функција на фоликулите, изразено истенчени влакна, силно намален број на влакна во фронталниот дел, сепак пациентката беше решена да се посвети на својата коса. Третманот испланиран од страна на нашите докторки опфати комбинација од 101 тоници кои ќе го стимулираат растот на косата и ќе го подобрат квалитетот на косата. Leonor Greyl производите пак беа вклучени за длабинска рехидратација на претходно бланшираната коса. Резултатите како во растот така и во квалитетот на косата беа одлични а нашата пациентка презадоволна.