УСПЕШНИОТ ТРЕТМАН ЈА ВРАЌА НЕ САМО КОСАТА ТУКУ И САМОДОВЕРБАТА

УСПЕШНИОТ ТРЕТМАН ЈА ВРАЌА НЕ САМО КОСАТА ТУКУ И САМОДОВЕРБАТА

Трихотиломанијата е пореметување кое предизвикува лицето да си ги кубе влакната од скалпот, од брадата, градите, нозете, од веѓите,трепавиците и други делови на телото, што резултира со видливи голи полиња. Често се јавува кај млади особи, особено на возраст од околу 11 години.

Нашата пациентка исто така се вклопува во таа статистика затоа што почнала уште пред 5 години несвесно и по малку да ја кубе косата.
Сега има 16 години, а степенот на губење на косата е многу напреднат.
Освен тоа има и циста на десен синус и проблеми со хронилен синусит како и гнојни процеси на забите.Овие промени пак можат да доведат до дополнителен проблем со дифузен косопад или телоген ефлувиум.

Нашите доктори-трихолози на дермоскопски преглед установија постоење на голем број оштетени влакна и значително намален број на влакна со знаци на кршливост и ативно опаѓање/
Освен локална терапија, упатена е и на специјалист за уво нос и грло, стоматолог и секако психолог.
За само два месеци од почетокот на третманот се забелжува раст на косата кој напредува со текот на терапијата. За 4 месеци израсна целата оса во темето што за пациентката беше огромно задоволство и враќање на самодовербата.