УСПЕШНИ РЕЗУЛТАТИ

РАСТ НА КОСАТА СО 101 ТОНИЦИ И ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈАzena

Наследното губење на косата кај жени е се почеста појава. Иако генетската предиспозиција постои, неопходен е тригер фактор кој ќе го поттикне губењето на косата. Најчесто прво се јавува телоген ефлувиум ( изразено опаѓање на косата) на кој потоа се надоврзува наследното губење на косата.

Хормоналните промени после породување е една од причините за телоген ефлувиум. Кај нашата пациентка во тек на доење се јавува изразено опаѓање на косата кое потоа се развива во наследна ќелавост.
Трихолошката анализа покажува добра функција на фоликулите иако е изразено намален бројот на влакна. После адекватната стимулација со 101 тониците и ласерските третмани , почнува задоволителен раст на косата кој веќе дава визуелни резултати.