УСПЕШНИ РЕЗУЛТАТИ

6

ХОРМОНАЛНИОТ СТАТУС КАЈ ЖЕНИ Е ПРЕСУДЕН ЗА ГУСТИНАТА НА КОСАТА

Хормоналниот дисбаланс и наследната предиспозиција за губење на косата, оставиле сериозни последици по густината на косата кај пациентката која има само 27 години.

Покаченото ниво на андрогени (машки) хормони предизвикале манифестација на женската наследна ќелавост. Иако хормоните сега се нормализирани, косата е изразено ослабена а густината е намалена до II стадиум класификација по Ludwig. Функцијата на фоликулите на влакната, според трихолошката анализа , беше многу компромитирана на почетокот на третманот.
Затоа освен 101 тоници докторките-трихолози го доплнија третманот и со ласерска биостимулација заради постигнување на подобри резултати.
Веќе во првите три месеци е постигнато иницијално подобрување во густината на косата кое ќе се продолжи да напредува во следните две фази од правилно планираниот третман.