УТРИНСКА ДОЗА НА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШАТА КОСА

bananiБананите се вкусно , нутритивно овошје кое ни е достапно во текот на целата година. Природните шеќери во нејзин состав моментално се трансформираат во енергија, поради што се одличен составен дел од доручекот.
Исто така богатството од витамини А, Ц, Д и Е, како и калиум, цинк, железо и манган, ги право многу здрави за нашиот организам.

Еден од бројните бенефити на бананите е и нивното влијание на убавината и здравјето на нашата коса.
Благодарение на високата содржина на калиум, природни масла, јаглехидрати и витамини, бананите ја спречуваат кршливоста на косата , ја омекнуваат структурата и ја одржуваат еластичноста на влакнотот. Последователно косата изгледа цврста и сјајна. Освен тоа го поттикнуваат растот на косата и го контролираат перутот.

Независно дали бананите ќе бидат составен дел од вашиот доручек или состојки на вашиот шампон, помагаат за убавината на вашата коса.