УТРИНСКИ ВЕСНИК – Интерву со спец. д-р Елена Арасова, 101 Hair Clinic

Д-р Арсова, од каде предизвикот да се занимавате со трихологијата?

Elena– Косата не е само атрактивна од естетски аспект туку е интересна и од медицински аспект. Изгледот и здравјето на косата се одраз на целокупното здравје. Хормонален дисбаланс, неадекватна исхрана, стрес, лекарства и ред други работи имаат директно влијание врз косата. Честото повикување на тоа дека губењето на косата е само наследно и дека не може ништо да се направи, ми беше вистинска провокација и предизвик да покажеме дека медицината напредува во секој сегмент, вклучително и трихологијата и дека решение за опаѓањето на косата постои. Трихологијата како гранка на дерматологијата се занимава токму со проучување на формите на опаѓање на косата, причините за појава на опаѓањето и опциите за третман на ќелавоста.

Вие сте медицински директор на клиниките „101“ во Македонија, Србија и Хрватска, па оттаму може ли да резимирате со какви се’ проблеми со косата се соочуваат Балканците?

– И во балканските земји, согласно со светската епидемиолошка статистика, најчестата форма на губење на косата е наследната ќелавост и кај мажи и кај жени. Кај жени, исто така, е чест и телогениот ефлувиум, а мажите, пак, имаат проблеми со скалпот од тип на себореичен дерматит и перут. Загрижувачко е што нашата анализа покажува дека возрасната граница на која се појавуваат проблемите со коса е поместена кон помлада возраст. Имено, пациентите во нашите клиники се на возраст од 20 до 30 години. Но тоа, исто така, укажува на веќе изградената свесност кај младите дека за проблемот со косата треба да се обратат кај стручни лица. Исто така, новите методи на третман кои се научно потврдени во својата ефикасност овозможуваат одлични резултати во растот на косата. Според мене, граѓаните во балканските земји се грижат за својот изглед, но и за изгледот и здравјето на својата коса. Нашите „101 клиника“ им овозможија да добијат стручен совет од специјалисти за коса и им ставија на располагање најсовремени третмани за стимулација на растот на косата и нега на косата.

Вашата клиника деновиве беше прогласена за најуспешна меѓународна „101 клиника“ од страна на групацијата „101 Zhang Guang“ во Пекинг. На што се должи успехот?

– Уникатниот концепт што го воведовме во дијагностиката и во третманот на проблемите со коса, а е спој на западната современа технологија и кинеската традиционална медицина, овозможи висока ефикасност во лечењето на опаѓањето на косата. Нашиот професионален и научно базиран пристап кој ни овозможи одлични резултати во третирањето на проблематиката со коса го препознаа и нашите пациенти. Уште повеќе, нашиот концепт оваа година беше препознаен како успешен и единствен на меѓународно ниво. Наградата за најуспешна меѓународна „101 клиника“ го потврди квалитетот на нашата работа и на нашиот медицински тим, така што ќе продолжиме да работиме за клиниката „101 Hair“да остане водечка клиника во трихологијата.

Кои се Вашите препораки до граѓаните во насока на подобрување и одржување на здравјето на косата?

– Грижете се за вашето здравје и здравјето на вашата коса. Здравите навики во исхраната, добриот стил на живот се одразуваат врз комплетното здравје и врз здравјето на косата. Добар сон, храна богата со протеини и витамини, помалку цигари и алкохол се добра основа за квалитетна коса. Но и адекватни производи за коса се неопходни за раст на косата и негата на косата и скалпот. Навремено барање помош од доктор за решавање на проблемот со опаѓањето на косата или проблемот со скалпот е императив за да ја зачувате косата и да имате добри резултати од третманите за коса.